Сите термини од платформата Мој термин се откажани на неопределено време, а се примаат само најитните случаи во Центарот за кардиоваскуларни заболувања во Охрид. Петнаесетина вработени во оваа здравствена установа се болни од ковид -19. Од нив дури шест се лекари, а останатите се медицински сестри и друг технички персонал. Останат е само еден интервентен кардиолог.

Во Охрид е изразена висока застапеноста на британската мутација која се одликува со значајно повисока преносливост. Ваквата состојба за жал, не нè заобиколи и нас како установа“, соопштуваат од Центарот за кардиоваскуларни заболувања, Охрид.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.