Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој го предводеше преговарачкиот тим на вчерашната лидерска средба, на прес-конференција во седиштето на партијата рече дека изјавите и брифинзите на СДСМ по лидерската средба се измислици кои имаат цел дефокусирање на вниманието од вистинските причини за непостигнување договор.

Сосема свесно почекав СДСМ и нивните мегафони да изнесат еден куп лаги, невистини и манипулативни брифинзи за лидерската средба вчера. Сите тие информации би ги оценил како лаги од епски размери. Овие невистини можев да ги претпоставам и пред почетокот на средбата. Не треба да биоде човек генијалец за да сфати како размислуваат погрешни и исплашени луѓе како овие вчера спроти мене. Луѓе кои не сакаат владеење направото и правда, бегаат од соочување со законите, затоа што нивната целокупна работа може да стане предмет на истрага на обвинителство кое вчера беше рпедмет на разговори. А сите знаеме дека не се чисти и до гуша се во корупција и криминал, рече Мицкоски на прес-конфренцијата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.