Од населбата „Македонка“ па се до штипско Ново Село реката Брегалница е обоена во бело, а покрај неа се чувствува мирис на лак.

Во моментов екипа на крим-техника од Полициска станица – Штип прават увид по течението на река Брегалница, додека пак  членовите на спортското здружение „Брегалница“ веќе два часа се на терен и бараат од каде се испуштаат хемикалиите во реката Брегалница. Бараат веднаш инспекторите за животна средина да излезат на терен, да земат мостри од реката и да се пронајде виновникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.