Улогата на судијката Весна Димишкова е јасна, вели сведокот Орце Камчев, кој за себе вели дека е жртва во случајот „Рекет“.

ПИМ мерките што ми беа продадени од братот на судијката од кого се добиени? Не тврдам, прашувам. Мене ми понуди спогодба, има и докази за тоа во обвинителството, братот на мојата истражна судијка. Со исти бројки, кои потоа ми ги нудеа Бојан Јовановски и Катица Јанева. Кој друг адвокат има копија од посебни истражни мерки и ви нуди спогодба дека доколку дојде до процес, истите тие ќе бидат изменаџирани по скала на плаќање? Па јас да сум сакал некого да поткупувам и рекетирам, ќе платев на почетокот и немаше да има процес. Јас бев убеден дека апсолутно нема никакво дело и вина против мене и они тоа многу добро го знаат, јас тоа ќе го докажам дека е така. Немој да мислите дека ќе седам некој за да може да ми прави вака. Јас мислам дека со ова што го направив имам голема заслуга за оваа држава, рече Камчев пред новинарите по завршувањето на рочиштето за „Рекет“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.