Братот на Сашо Ордановски, кој е еден од најголемите поддржувачи на власта, продолжува со своето недолично однесување. Ванчо напиша твит на кој со погрдни имиња им се обраќаше на неколку новинари, како што е Мери Јордановска, Снежана Лупевска, Љупче Златев и други.

Но, „mindplumber“ како што му е името на братот на Ордановски брзо го избриша твитот па  дури и иронично се потсмеваше.

Толку се исплашивте од твитот (сѐ е вистина), што морав да го избришам. На крај, јас ќе бев виновен за бројот на новозаболени-стои во објавата.

 

За недоличното однесување Ванчо дури доби и пофалби од неговите поддржувачи и следбеници на социјалните мрежи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.