На виделина нови детали откако адвокатот Александар Тортевски објави дека братот на Сашо Ордановски новинар во провладината 1ТВ и политички советник на Катица Јанева добил 350 илјади евра за лажна иновација.

Новинарот Цветин Чилиманов открива дека братот на Сашо, Ванчо Ордановски, за својот проект за кој добил огромни пари од Фондот за иновации, користел фотошопирани фотографии.
На фотографиите се гледа дека тоа за што Ванчо Ордановски добил 350 илјади евра не е иновација туку веќе спроведен проект против загадување на воздух во Индија.
Ванчо Ордановски на фотографијата на веб сајтот на неговиот проект го избришал името на индиската компанија со помош на Фотошоп програмата и го прикажал како свој.

Ордановски вчера го избриша својот профил на Твитер, @Mindplumber, од кој редовно
ги фалеше владините политики и ги напаѓаше критичарите на Заев.
Директорот на Фондот за иновации Јован Деспотовски рече дека се било чисто во овој
случај но дека истиот пак ќе се провери.
Доколку Владата навистина спроведе истрага и утврди дека се работи за измама
Ордановски ќе мора да ги врати сите пари, но и кривично да одговара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.