Агрон Кранлиевски, полицаец од Ресен и брат на Ветон Кранлиевски советник на Оливер Спасовски, денес на рочиште за случајот „Титаник“ сведочеше лажно и спротивно на она што го дал како исказ во СЈО.

Повеќекратното давање на лажни искази пред Судот, Агрон го започна со лагата дека како полициски службеник сам ги вршел проверките на терен за лица кои поднеле барање за живеалиште во Ресен. Пред Судот тврдеше дека истите не остварувале други права како државјани на Република Македонија иако биле државјани и пред да ги поднесат барањата за живеалиште и покрај тоа што пред Судот потврди дека и пред 2012 во Ресен живееле бипатриди на Македонија и Албанија. На прашањето на одбраната како направил увид во избирачкиот список кога како полицаец за интервенции нема увид во избирачки список, одговори дека увидот го правел по негови приватни истражувања иако е свесен дека увид во избирачкиот список има опција да се прави само за себе.

Најголемите лаги на Кранлиевски дојдоа по серијата прашања од одбраната по кои тој иако негираше дека увидот во избирачкиот список не му е овозможен неовластено и не му е овозможен од овластено лице, што директно се коси со исказот пред Судот дека преку увид во избирачки список констатирал дека лицата за кои правел теренски проверки се наоѓале на списокот.

На прашањето на одбраната дали преку кандидат за градоначалник на Ресен го добил избирачкиот список на увид, Кранлиевски одговор негативно, што е во спротивност со исказот што го дал во СЈО.

Таквата околност ја знам затоа што во 2013 година за независен кандидат за градоначалник на Ресен се кандидираше Димитар Бузлевски, а бидејќи по закон му следува извод од Избирачкиот список и бидејќи сум близок со него, ги проверив лицата кои ми беа дадени за прверки, изјавил Кранлиевски во СЈО.

На предочувањето од одбраната дека исказот во СЈО и исказот пред Судот му се целосно спротивни, кажа дека истото што го кажува во Судот е истото со она што го кажал во СЈО.

Откако обвинителката Лиле Стефанова увиде дека сведокот оди кон целосна дискредитација и лажно сведочење, побара од Судот да не биде директно испрашуван од одбраната иако е предложен и како сведок на одбраната по истите околности како и на Обвинителството.

Судот направи преседан и за разлика од претходните сведоци за кои беше дозволено директно испрашување истото го одби за сведокот Агрон Кранлиевски.

Прашањата на одбраната кои произлегуваат од лажното сведочење останаа неодговорени:

– На кој начин Агрон Кранлиевски имал увид во избирачкиот список?

– Дали на изборите 2013 година бил активно вклучен во изборната кампања на Бузлевски?

– Дали на сите следни изборни кампањи заедно со неговиот брат Ветон биле активно вклучени за политичката партија СДСМ?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.