Претседателот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи, Љубе Бошковски е заразен со корона вирус.

Како што пишува „ммс.мк“, Бошковски има лесни симптоми, а времето што задолжително треба да го мине во карантин ќе биде во родниот Челопек, тетовско.

Во споредба со 11 години изолација, што е оваа од 10 дена – вели Бошковски.

Тој објаснува дека се заразил по контакт со близок пријател.

Не знав, но бидејќи требаше да се вратам во Хрватска, сакав да се тестирам и заради себе а најмногу заради внучето Филип. Самоиницијативно заминав да се тестирам. Тестот покажа дека сум позитивен. Немам температира, не кашлам, за среќа вкусот го чувствувам, па си имам апетит, но кога ставив парфем, не го чувствував мирисот. А бидејки морам да бидам изолиран, а знам како е, нели „само“ 11 години бев изолиран, на блиските во Челопек, кои ми носат храна, им реков да ми купат пиперки и патлиџан, барем да направам зимница. Овие денови направив околу 40 тегли ајвар, вчера испеков пиперки за лутеница и до вечер ќе биде готова.  Нема потреба од паника, нели на 100 степени умираат бактериите, значи стерилизирано е. Морам со нешто да се занимавам инаку досадно е. Самотијата утепува. „100 години самотија“ од Маркес.  Не сакам да цртам, бидејќи цртањето ќе ме потсети на затвор – вели Бошковски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.