Левица е понтонскиот мост на Заев во опозицијата. Главна задача на Левица е глумењето на опозиција и нејзино слабеење, смета Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Македонија и претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ Куманово.

Нејзиниот лидер Димче Апасиев е човекот кој беше советник во криминалното СЈО. Од соборец на Заев до советник на Катица е неговата кариера во политиката.
Од друга страна лажниот Че Гевара на Заев покрај тоа што е истурена маша, е и лажен револуционер. Че Гевара од човек со хонорари од СЈО, потопен во лукзус и раскош седејќи во скутот на Заев, не бива.
Од тука па во иднина ставовите на Левица треба да се гледаат како ставови кои се на услуга на Заев.
Задачата на Левица е да послужи на Заев како фиктивна опозиција која треба да го раздели опозициското ткиво.
Апасиев и левица се најпосакуваното нешто на Заев. Впрочем таквата лажна опозиција се што правеше изминатиов период е пишување статуси на фб, по некоја пцовка, соблазнување, и празна реторика. Тоа е понудата на ваквата лажна опозиција, смета Петрушевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.