Браќа до крај. Браќа за цел живот! Вака е насловена фотографијата поставена на Фејсбукот на Богдан Илиевски Бетмен на која тој, Владо Јовановски и Борис Дамовски се со Игор Дурловски, во знак на поддршка, бидејќи Дурловски денеска треба да ја слушне пресудата за 27 април.

Оперскиот пејач денеска во 12 часот во Кривичниот суд ќе дознае дали е прогласен за виновен или ќе биде ослободен од вина за насилниот упад во Собранието, бидејќи тој не побара амнестија, па затоа продолжи да му се суди.

Покрај Дурловски, на обвинителна клупа останаа Митко Чавков, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски-Леви, Митко Пешов, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, Абдуљфета Алими, Оливер Радулов, Јане Ченто, Игор Југ, Александар Василевски-Нинџа, Никола Митревски-Кољо, Младен Додевски, Горанче Ангеловски, Влатко Трајковски и Вилијам Михајловски, кои се товарат дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.