Владимир Божиновски од Институтот за политички истражувања во своето гостување во емисијата „Топ Тема“ посочи дека во државата мора да се смени нешто затоа што е закочена работата, а тоа се должни што власта е премногу хетерогена и е премногу слабо мнозинството.

-По завршувањето на изборите лани во јули, со оглед на распоредот на силите во Парламентот мојот предлог беше дека навистина треба да се направи една концентрациона, заедничка влада затоа што секаква друга опција ќе води кон нестабилност и тоа се покажува неколку месеци подоцна.Сега се поставува прашањето која опција е поверојатна дали да се направи таква влада сега после 7-8 месеци со старо-новата влада или е поверајтно да се договорат и да подговат заедно некакви нови избори дали со локалните или ако нема време следната година. Но, дефинитивно нешто мора да смени затоа што е закочена работата и ќе биде закочено, премногу е хетерогена власта, а премногу е слабо мнозинството и особено што се соочуваме со едни тешки предизвици пред се со пандмеијата, со условувањето со Бугарија. Значи има некои работи кои се бараат или би рекол за кој е неоподна една силна, постабилна власт, рече тој.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.