Поранешниот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ Кирил Божиновски во своето сведочње истакна дека на 27 април 2017 година во вечерните часови бил во просториите на ВМРО-ДПММЕ.

На прашање на адвокатот Апостолски дали таму ги забележал Нинџа и Митко Чавков, тој одговори негативно.

Немам средба со нив и со Атанасовски, заедничка пак никаква – oбјасни Божиновски.

Тој рече дека организаторите на протестите За заедничка Македонија или воопшто не ги познава или само површно и оти не е запознаен како се финансирале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.