Дали Република Македонија ќе добие датум за влез во ЕУ или не, не е важно, според Владимир Божиновски од ИПИС, затоа што граѓаните на Република Македонија ќе одлучат според тоа колку пати биле излажани за тој датум, исто така и за аферите кое се случуваа во последните години во судството и правниот систем на државата алудирајќи на “Рекет” и сите неуспеси во раководењето на министерствата под водство на СДСМ и коалицијата.

– Датумот за ЕУ, која ете онаа слика во авионот се случи во 2018-та година, дека сме го добиле, едноставно се пренабилдаа преголеми очекувања за да служат како едно покритие за сите оние неуспеси кои што следеа па, на некој начин и преку оној “Рекет” се обидоа да го покријат датумот. Не добивањето на датумот, само по себе, немаше да иницира некои поголеми потреси доколку тоа не беше единствен фокус преку кој што се правеше обид да се затскријат сите оние неуспешни проекти и незадоволството кое растеше од самата владеачка гарнитура. Така што сега доколку го добиеме датумот тоа е нешто што луѓето го очекуваат, за кој што се поднесоа голема жртви. Затоа, дали ќе добиеме датум или не, нема да влијае врз гласачите. Затоа што луѓето, горе-доле, веќе ќе бидат решени како ќе гласаат. Од минатото искуство што го имаме од истражувањата, меѓу 36 проценти се движи онаа гупа на граѓани кои се неопределени, но кои сепак излегуваат да гласаат. Тоа се помешу 50-100 илјади луѓе. Тие се луѓе кои се решаваат да “излезат” да гласаат. Затоа велам незнам дали би добила власта ако добиеме датум, изјави Божиновски во емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа телевизија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.