Тажно е да ги гледаш подржувачите на Филипче како се радуваат дека нема одговорност за смрта на 14 мртви, напиша Божидар Божиновски на својот фејсбук профил.

Над тагата на семејствата им е нивната зла радост, дека нивната партија не го дава министерот, дека тие владеат со животот и смрта овде. Дека се дел од тоа.

А ќе треба да се лечат во истото здравство, со истите проблеми, со истите недостатоци на лекови и на персонал, во истите болници во кои ако не умреш од болест ќе те убие недостаток на персонал и лекови, пожар.

Тогаш семоќната партија ќе ви го сврти грбот. Ќе ви го свртат и тие што се на исто ниво што сте иделе по митинзи, шо сте собирале гласови. Ама ќе е доцна кога веќе му давате апсолутна власт, очекувајте дека никој нема да ви го слушне крикот.

А на партијата, само за пари и е гајле. Вие сте бројка и потрошен материјал што и мртви можете да гласате.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.