Одредбите од Законот за употреба на знамињата се јасни, се што е утврдено во закон треба да го почитуваат сите, вели владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, во врска со казните за инцидентот на Самоиловата тврдина каде беше развеано албанското знаме, а по изјавата на вицепремиерот, Бујар Османи, кој рече дека тоа е дозволено и ги повика граѓаните да го постават знамето каде сакаат и дека нема да имаат проблеми.

Се што е утврдено во закон треба да го почитуваат сите. Во однос на настанот кој се случи во Охрид, таму имаме судска одлука, а Владата не коментира судски одлуки. Штом судската одлука е таква каква што е очигледно постојат некои прекршувања во однос на законот – рече Бошњаковски.

На прашање од новинар дали институциите ќе реагираа исто да беше поставено руско, турско или знаме на друга држава, Бошњаковски одговори:

Не би навлегувал во судската одлука да ја коментираме, но очигледно дека секое прекршување на законот се санкционира. Без разлика кое е знамето, си имаме во Македонија Закон за употреба на знамиња, секаде каде е дозволено е дозволено, тоа треба сите да го почитуваат, доколку има прекршување на законот следуваат санкции – додаде владиниот портпарол.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.