Владиниот портпарол Миле Бошњаковски вели дека нема да се отстапува од донесените мерки по прогласената епидимија од морбили и оти од оваа учебна година нема да се запишуваат првачиња за коишто нема да биде доставен картон за вакцинација.

Вакцинацијата е задолжителна. Во прво одделение нема да можат да се запишат деца кои не се вакцинирани. Закон за основно образование член 46, став 2 е јасно, рече Бошњаковски одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференцијата за одлуките од редовната седница на Владата.

Бошњаковски потсети дека поради состојбата со морбилите Владата прогласи епидемија на територија на целата држава. Тој информира дека теренската вакцинација на Министерството за здравство се спроведува според планираната динамика и оти во тие активности има координација со Министерстовто за образование.

Мора да го подигнеме степенот на имунизација на сите граѓани во Република Македонија со цел да ја спречиме епидемијата на морбили. Ова се мерки коишто се спроведуваат и нема отстапување од нив, наведе Бошњаковски.

Истовремено потенцираше дека основното образование е задолжително и оти децата треба и ќе одат на училиште.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.