Химната во ниту еден момент не била, ниту ќе биде спорна, ниту ќе се менува, дециден беше владиниот порпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конфернција на која одговараше на новинарско прашање зошо вчера не беше интонирана македонската химна на пречекот на грчкиот премиер Алексис Ципрас во Скопје.

Бошњаковски и денеска ја повтори вчерашната изјава дека немало време за одржување свечен пречек во кој би биле вклучени и други активноси освен интонирањето на државните химни на двете држави, поради доцнење на авионот на Ципрас.

Ниту некогаш се разговарала истата да претрпи измени, ниту некогаш ќе се разговара. Химната останува текстуално и инструментално истата. Вчера поради доцнење на авионот на грчката делегација, беа изоставени сите свечени активности при дочекот кои вклучуваат гарда, поставување цвеќиња и интонирање на химната пред Владата. Беа изоставени изоставени овие активности, со цел да се добие на време бидејќи посетата беше работна и во текот на цел ден имаше премногу активности, рече Бошњаковски.

Во меѓувреме, по прес-конференцијата на Бошњаковски, Владата испрати посебно соопштение со одговорот на прашањето зошто не беше интонирана химната при пречекот на Ципрас.

Го пренесуваме интегрално.

Националнатахимна останува иста, не била тема на дискусија и околу истата нема никаков спор. 

Химната ќе остане и текстуално и инструментално истата.

Вчера, за време на посетата на грчката делегација пред Владата на Република Македонија не беа интонирани химните поради технички и организациски причини кои произлегоа од стеснетата временска рамка на активностите.

Поради доцнењето при слетувањето на авионот беа изоставени сите протоколарни свечени активности при дочекот, вклучително гарда, цвеќиња, воени почести, интонирање на химната и слично. Овие активности беа изоставени со цел да се запази дневната работна агенда на премиерите Заев и Ципрас, односно за да успеат во текот на денот да ги постигнат сите планирани работни активности.

Преспанскиот договор на ниту еден начин не рефлектира врз химната,таа во ниту еден момент не била, не е и нема да биде спорна.

Како потврда, во периодот по потпишувањето на Преспанскиот договор нашата химна беше интонирана во повеќе приликиво присуство на официјални претставници од грчка страна. Само пред неколку денови на свечениот прием во организација на Амбасадатана Грција, по повод националниот ден на Република Грција, химната на Република Македонија беше интонирана пред официјални грчки претставници.

Исто така може да се напомене и интонирањето на нашата национална химна за време на кревање на знамето на НАТО пред зградата на Владата, повторно во присуство на претставници на цел дипломатски кор.

Химната беше интонирана за време на спортски натпревар за квалификација на Европско ракометно првенство кој се одржа на 28 октомври 2018 година, кога се натпреваруваа нашата земја и Грција во категорија сениори мажи. Дополнително на 16 јуни во главниот град на Македонија ќе биде градот-домаќин на последниот квалификациски натпревар за Европско првенство 2020 во ракомет во кој нашата репрезентација ќе ја пречека Грција и кога повторно ќе бидат интонирани химните на двете земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.