Новинарот Борјан Јовановски, исклучитечно близок до власта, смета дека на македонските граѓани ќе им треба време за да се навикнат на новото име на државата, но тој е оптимист бидејќи одразувало географска реалност.
Тешко е да се каже дека баш сме навикнале на тоа име. Ново е и уште не е официјално, така што сè уште официјално не сме преименувани. Ќе треба време, веројатно, да се навикнеме и на ова ново име. Но, кога е веќе прашањето до тоа, сметам дека одразува една географска реалност и со оглед на тоа мислам дека ќе се прилагодиме на една таква географска реалност, изјави тој во интервју за Бугарска национална телевизија (БНТ).
Јовановски вели дека било тешко да се дојде до ова решение, никој не е среќен со компромисот, но вистинското тешко допрва доаѓа, а тоа се реформите.
Навистина беше тешко да се дојде до ова. Разбирливо е тоа дека никој не е среќен со овој компромис со Грција. Станува збор за една доста емоционална ситуација, бидејќи, сепак, некоја друга земја ви наложува да го промените името, додава тој и нагласува дека вистинското тешко допрва доаѓа бидејќи „28 години во Македонија не се направени никакви реформи“.
Целото интервју ТУКА
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.