Аудио матријали за поранешниот премиер Зоран Заев но и за неколкумина министри, ќе има во следите „бомби“, дознава „Лидер“.

Неформално се говори за постоење на аудио разговори кои покажуваат несоодветно и незаконско однесување на најмалку двајца министри на Заев, и разговори на еден директор и висок партиски функционер кој не е  на државна функција.

Според “Лидер“ постои разговор на еден министер на кој наводно можело да се чуе како договара провизија за еден завршен тендер со странска компанија и како зделката треба да заврши со трансакција во странство. Понатаму, во друг случај истиот тој министер познат по низа скандали и по луксузен недвижен имот нудел “стратешки партнер” за еден познат медиум како начин да го превземат.

„Лидер“ дознава дека има и комуникација на еден функционер на СДСМ кој комуницирал со криминалци од селото Грчец за одредени нелегални активности околу изборите и вадење на луѓе на гласање. Непријатни разговори наводно постојат и за еден градоначалник на власта, тврди „Лидер“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.