Снимките кои беа објавени во неделата од страна на пратеникот Антонио Милошоски а на кои се слушаше гласот на Зоран Заев ќе бидат дадени на форензика. Според обвинителката Вилма Рускоска, ќе треба да се утврди дали е еден разговор, од еден ден, или пак повеќе разговори склопени во еден.

Очекувам на секој два-три дена да се појавуваат нови снимки. Нема да оформуваме предмети за секоја снимка, туку за сите снимки кои ќе бидат доставени еден предмет. Истиот ден, како ни ги доставуваат се пишува наредба до форензика да се изврши вештачење. Форензика треба да ни каже дали од повеќе разговори е направен еден разговор. Тоа е една од задачите на форензика. Да утврди дали, на пример, се направени во ист ден – рече Вилма Русковска.

Кога се работи за Зоран Заев Обвинителството реши да ја провери веродостојноста на објавениот материјал. За жал тоа не се случи со останатите бомби кои своевремено ги објавуваше Зоран Заев и СДСМ. Неколкупати дел од имињата чии гласови се слушаа во тие разговори тврдеа дека се работи за монтирани разговори, но тоа не беше земено в предвид. Се поведоа постапки, им се судеше.

Поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески се сомнева во веродостојноста на „бомбите„ кои се дел од доказите во случајот „Топлик”, па поради тоа од судот побара нивна анализа.

 

СЈО не ги изпрати разговорите на форензика. Но сега тие доаѓаат во рацете на обвинителката Рускоска и обвинителството во кое таа работи. Ќе ги проверат ли сега старите бомби пред да се суди или и овојпат ќе се дозволат двојни аршини – еден закон за Заев, друг за останатите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.