Барав само принципиелно да се гласа во ДИК – вака се пере Радмила Шекеринска на Фејсбук за објавената бомба за неа, во која може да се чуе како таа врши притисок врз членови на ДИК. На крај на статусот таа порача дека не се сите исти! А и не се! За делото кое таа го врши, други функционери добија затворски казни.

Имено Шеќерим Ахмети, познат како Ел Чека, објави бомба преку социјалните мрежи на која се слуша гласот на вицепремиерката и втор човек во СДСМ и нејзините упатства за функционерот на ДУИ Фатмир Бесими како член на ДУИ во ДИК да го искористи неговиот „одлучувачки глас“ и да гласа за локалните избори во Државната изборна комисија.

Се работи за експлицитно договарање гласање во ДИК, за што Основното јавно обвинителство има практика да отвора случаи. Конкретно, во ваков случај, за исто дело правосилно беа осудени  екс членот на ДИК, Бедредин Ибраими, кој доби четири и пол години затвор, три години и два месеца доби лидерот на ДПА, Мендух Тачи, три години екс шефот на УБК, Сашо Мијалков.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.