За време на претседателските избори, СДСМ направи злоупотреба со тоа што функционери агитирале гласачи во јавни институции. Наместо за државта, функционерите на СДСМ работат за партијата, изјави денеска Игор Николов, од Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, кој објави „бомба“ за криминалот на власта.

ВМРО-ДПМНЕ објавија аудио снимка, која што е пуштена на Интернет, на која се слушаат гласовите на Миле Талевски, претседател Општинската организација на СДСМ во Прилеп и Горан Сугаревски, министер за транспорт и врски. Снимката е од состанокот на нововработените во прилепската болница.

Тие директно им кажуваат и даваат задачи дека сите нововработени со надомест за работното место, мора да истрчаат за партијата на изборите, образложи Николов.

На снимката се слуша како граѓаните се принудувани да гласаат за Стево Пендаровски, со притисоци од страна на администрацијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.