Во последните извештаи на министерство за здравство може да се воочи дека граѓаните кои имаат Ковид-19 може да добијат болнички кревет, само ако пред тоа некој почине, т.е. се ослободи кревет. Ова ситуација не е нормална. Ако недостигаат кревети или простор очигледно треба да се обезбеди.

Но, апсурдноста на ситуацијата е што секој ден министерот за здравство, Венко Филипче во изјави за медиуми вели дека е се под контрола и дека има доволно слободни кревети по болниците низ Македонија.

Изминативе две недели и повеќе целиот систем е мобилизиран во менаџмент на болниците со цел да се менаџира хоспитализацијата. Координацијата помеѓу директорите на клиниките во Скопје, како и со другите директори на болниците оди добро. Притисокот врз болниците сè уште е голем иако бројот на слободни кревети веќе не се намалува како што се намалуваше претходните три недели, што значи дека бројот на лица на кои им треба хоспитализација се намалува. Има слободни болнички кревети практично во сите болници. И во Куманово и во Штип, Кавадарци, Прилеп и Битола. Во Охрид и Гостивар има малку слободни кревети, но и тоа се менаџира на дневна основа – изјави Венко Филипче на својата последна прес конференција од пред неколку дена.

Сепак, и покрај изјавите на министерот и последната прес конференција, бројките во извештаите го демантираат. Во извештајот за петок што излезе во сабота имаше 41 починат пациент. А, утредента во неделата излезе извештај дека во последното деноноќие се хоспитализирани 44 лица.

Ова се повторува и со наредниот извештај што излезе во недела за сабота дека имало 32 починати. А, вчера во извештајот за хоспитализирани во последното деноноќие пишува 38 лица.

За овој проблем алармираше и опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати. Дури и нивниот лидер Христијан Мицкоски во своето последно гостување во една од националните телевизии посочи дека власта и Филипче треба да набават повеќе кревети и дека е недозволиво граѓаните да се шетаат болни по болниците за да бараат кревет. Поради неодговорноста на министерот граѓаните умираат.

„Нема кревети, нема кислород, еве погледнете во болницата во Битола, нема паравани меѓу починатите и оние кои примаат помош и никој не сноси одговорност. Ние можеме да предложиме решение, но што ако, кога нема кој да го слушне – изјави Мицкоски.

Тој посочува дека власта потфрлила кај елементарните, наједноставните работи.

Наједноставна работа, да купат кревети, паравани и кислород. Имаме целосен дебакл, класичен дебакл и никој не сноси одговорности. Наместо да имаме 2.000 заразени, ние сега имаме толку починати – изјави Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.