Болничар од Инфективното одделение во Клиничка болница-Штип е позитивен на коронавирус потврди директорот, Ален Ѓеорѓијев. Негативен е резултатот за младиот лекар инфектолог, а остантите 12 медицински лица од ова одделение ќе се тестираат на утврдени датуми.

МИА претходно информираше деца вкупно 14 здравствени работници, од кои двајца инфектолози, осум медицински сестри и четворица болничари се во домашен карантин, откако имале контакт со 80-годишна жена од Штип, која во вторникот ја загуби битката со коронавирусот на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Здравствените работници во самоизолација се од минатата недела, а следеше и целосна реорганизација на ова одделение. На инфектологот, кој немал контакт со сега починатата пациентка на помош и доаѓа специјалист инфектолог од Општата болница во Струмица.

На Инфективното одделение во штипската болница од денеска се лекуваат вкупно осум пациенти, од Штип и Кочани позитивни на коронавирус. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.