Ненадеен здравствен проблем на еден од синовите на Мартин Протогер е причината поради која денес задоцнил на рочиштето за „Титаник“. Синот на Протогер утринава имал силни болки во ушите и морал да биде однесен на итен лекарски преглед, поради што неговиот татко не успеал да стигне на време на рочиштето во судот.

Протогер се појави во судот со задоцнување од околу половина час, неколку минути откако судијата Осман Шабани го одложил рочиштето, за да информира за причините за доцнењето. Наредното рочиште е закажано на 26.11.2019.

Рочиштето е одложено затоа што ќе нема време да се сослушаат сведоците бидејќи Миле Јанакиески, кој исто така е обвинет, во 12 часот треба да оди во Врховниот суд на јавна седница за домашниот притвор кој го доби во истрагата за „Шпанските скали“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.