Во Министерството за внатрешни работи има сомнеж дека командантот на специјалната единица „Алфа“, Примислав Димовски е вмешан во случајот „Рекет“ – јавува „Лидер“ повикувајќи се на високи полициски извори.

Пред неколку години токму Примислав Димовски му беше лично обезбедување на Бојан Јовановски, познат како „Боки 13“ а во исто време тој е и ангажиран како истражител во Специјалното Јавно Обвинителство, на која позиција беше и пред да стане прв човек на „Алфа“.

Ова отвора сомнеж дека во „Рекет“ бил вклучен и Димовски затоа што е поврзан со осомничената Катица Јанецва (како вработен во нејзиното обвинителство), но и со осомничениот Бојан Јовановски на кој порано му бил обезбедување а долги години јавно го искажуваат своето пријателство.

Веднаш откако со Кичевец го земале рекетот од Камчев, Боки 13 му се јавил на Примислав да се консултира со сопругот на споменатата „Фрики“ дали некој го следи или го снима во рекетот. Очигледно е дека првиот човек на единицата „Алфа“ е вмешан во аферата рекет, но, кај нас се наслушнува дека обвинителката која го води случајот, Вилма Русковска, не сака да постапи иако го има во листинзите на телефонот на Боки 13, вели за „Лидер“, висок извор од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.