На Бојан Јовановски денеска му беше одземено правото на збор откако за судијката Софче Ефремова Гаврилова, за која побара изземање, рече дека е инструирана.

Бев жртва на уцена на политички багабонти но не погледав на тие притисоци. Вие сте дел од ова бидејќи тие багабонти ми правеа притисок, рече Јовановски.

На тоа Ефремова Гаврилова реагираше и рече дека му го одзема правото на збор за ова рочиште.

Боки, џабе креваш рака не ти давам збор, му рече судијката на обвинетиот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.