Со изведување на материјални докази предложени од одбраната денеска во Основниот кривичен суд во Скопје продолжува судењето за невладината организација „Меѓународен сојуз”, каде заедно со основачот Бојан Јовановски, обвинети се уште четири лица.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Софче Гаврилова Ефремовска, а застапник на обвинението е Ивана Трајчевска.

Во однос на предложените докази од одбраната Судот, на почетокот соопшти дека ќе ја провери околноста каде се наоѓа одземениот мобилен од Бојан Јовановски и дали во МВР е зачувана форензичка копија од податоците од телефонот и ќе побара да бидат доставени до судот.

Во однос на останатите предложени докази, Судот информира дека извршил проверка и споредба дали и кои од предложените докази се изведени како докази од Обвинителството и дека прифаќа да бидат изведени само доказите кои не биле опфатени.

– На одбраната и е дозволено да го користи, акцентира и поврзува дали во дел или целост, секој од изведените докази од Обвинителството, појасни Судот.

Судот, исто така, го прифати предлогот на одбраната како сведоци да бидат повикани и сослушани повеќе лица, меѓу кои Зоран Заев, Александар Кирацовски, Мила Царовска, Стефан Богоев, Наташа Петровска, Слободан Најдовски, Горан Сугаревски, Нина Старделова и Сефер Цановски.

Обвинителството, на почетокот реагираше во однос на предложените докази и побара од Судот, да не се изведуваат материјални докази кои веќе биле изведени.

Одбраната, пак, укажа дека тие бараат да биде изведена целосната содржина на договорите, за кои претходно реагирале дека биле прочитани само насловите.

За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица,
обвинети се и Фросина Ременски, Христина Блажеска, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ Ерцеговиќ.

Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ и Блажеска за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.