По сведочењето на Орце Камчев, почна и вкрстеното распрашување во кое обвинетиот Бојан Јовановски го праша бизнисменот дали му ја вратиле познатата „Луј Витон“ чанта во која биле ставени еврата што се гледаат на снимката.

На тоа Камчев одговори дека никаква чанта не му е вратена.

Со таквото тврдење не се сложи Јовановски, кој рече дека на 21 или 22 февруари околу 21.15 часот, Зоки Милевски му ја вратил споменатата чанта и оти за тоа може да посведочат сигурносните камери од домот на бизнисменот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.