Во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција на распит се повикани осомничените за случајот „Рекет“, Бојан Јовановски – Боки 13 и поранешната СЈО Катица Јанева, откако изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски, како и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.

Боки 13 е повикан на распит утре напладне, а Јанева, која е разрешена од функцијата и е во притвор како осомничена во „Рекет“ исказ ќе дава во вторник, потврдуваат за МИА од обвинителството.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничени се сопственикот на 1 ТВ Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.