Случајот Рекет го отвори криминалниот октопод на СДСМ, во кој покрај Кики и Фрики, вмешани се и други функционери на партијата на власт.

Па така, ако се тргне од изборните кампањи во 2016 на парламентарните избори и 2017 за локалните избори, се доаѓа до поврзаноста и на актуелниот градоначалник на Карпош Стефан Богоев со Бојан Јовановски (Боки 13), како и нивна семејна поврзаност во бизнисот.

Да одиме по ред.

Градоначалникот на Карпош Стефан Богоев е близок пријател со Бојан Јовановски. Толку е близок, што татко му Владо Богоев е член на управниот одбор на Меѓународниот сојуз на Боки. Тоа стои и на официјалниот сајт на организацијата. Заедно со него таму се и Фросина Ременски и Коста Костадинов од СДСМ.

Да се навратиме на кампањата.

Според финансискиот извештај на СДСМ за првиот круг од локалните избори, јавно достапен на овој линк, може да се увиди дека СДСМ немале ставка за закуп на билборди, односно дека не закупиле билборди за рекламирање. Но, за Стефан Богоев во Карпош биле закупени 78 билборди.

Во Карпош, според официјалните ценовници, најевтиниот е 600 евра, најскапиот е 1.900 евра кај мостот Обединети нации. Ако Стефан го имало на билборди, а СДСМ не пријавиле дека закупиле билборди, тоа значи дека билбордите се платени во кеш. Само по оваа основа, некој на Богоев му кеширал во кампања најмалку 78.000 евра.

Ниеден градончалник немал во историјата на независна Македонија толку билборди колку Стефан, а дека ја имал најскапата индивидуална кампања за поединец во историјата на избори во Македонија, говорат и следните факти.

Богац имаше ангажирано најмалку 100 луѓе да работат за неговата кампања. Луѓето се плаќани по 1.000 денари дневница, а штабовите му работеа во три смени.

Тоа се 100х1000 = 100.000 дневно, помножено со 50 дена предизборна и изборна кампања = 5.000.000 денари или околу 80.000 евра.

За храна најмалку 100 луѓе по 4 евра дневно, за време на предизборна и изборна кампања = 20.000 евра.

Извори на Вечер наведуваат дека голем дел од кешот со кој располагал во кампањата за општина Карпош, е даван за купување гласови. Во Злокуќани и дел од Нерези. Во Злокуќани се давани од 500 до 1.500 денари за глас, а во делот од Нерези дадени се над 25.000 евра.

Досега стигнале до збир од 203.000 евра. Овде не билепресметани кирии за штабови,  бини и озвучување, гориво за колите, како и режиските трошоци. Тоа веројатно е дел од официјалниот извештај на СДСМ што тие го покриле.

Главното прашање, пишува Вечер, е, не дали Боки 13 со кеш ја финансирал кампањата, тоа е повеќе од јасно. Прашање е како и со што градоначалникот Богац му се оддолжи на Боки 13, кој во неколку негови изјави најавуваше градежни проекти.

Овде има основ за истрага во два правца, коментира Вечер. Според нив едниот е нелегално финансирање на избори со кеш пари, а другиот е истрага за градоначалникот и службите во општина Кaрпош за злоупотреба на службена положба во корист на бизнисите на Боки и неговите блиски соработници.


Извор: Вечер.мк


 

На оваа информација реагираат од СДСМ и лично градоначалникот на Карпош Стефан Богоев. Во реакцијата со иста додржина партијата, односно Богоев, целосно ги демантира тврдењата дека Бојан Јовановски ја финансирал кампањата на градоначалникот на Општина Карпош и член на Извршен одбор на СДСМ, Стефан Богоев.

Коалицијата за локални избори предводена од СДСМ, во кампањата за локални избори 2017 година, за сите кандидати за градоначалници на СДСМ, вклучително и за Стефан Богоев има склучено договори за закуп на билборди. Плаќањата за закупените билборди се извршени преку Наменеската сметка за локални избори 2017 година. Лага е дека се плаќало на луѓето кои работеле во кампањата за Стефан Богоев. Во кампањата на Богоев, но и во кампањите на сите други кандидати за градоначалници, на волонтерска основа делуваат активистите и членовите на СДСМ и коалициските партнери. Не се плаќало ниту за дневници, ниту за други трошоци. Сериозна лага е веста дека се купувале гласови во Нерези и Злокуќани, пишува во реакцијата на СДСМ и на Богоев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.