Бојан Јовановски, Боки13, во периодот од јуни до ноември 2018 година во македонскиото Собрание имал најмалку три работни средби со пратеникот Александар Кирацовски, тогашен генерален секретар на СДСМ, јавува Магазин.мк. Средбите се случувале во текот на работното време во канцеларијата на пратеникот Кирацовски и траеле по околу час и половина.

На две од тие средби присуствувала и пратеничката Фросина Ташевска Ременски, потпретседател на Собранието од редовите на СДСМ. Посетите во Собранието на Македонија од страна на Боки13 биле уредно заведени од собраниското обезбедување кое, според пропишаните процедури, во регистарот на посетители го запишувало неговото име и презиме, и време на влегување, за што задолжително се води евиденција при самиот влез.

За сега не е познато кои биле темите на разговор при овие средби на Боки13 и пратеникот Кирацовски во Собранието.

Овие информации за Магазин ги дојавил службеник вработен во Собранието, кој инсистирал на анонимност, но уверува дека ваквите средби можат со сигурност да се потврдат со увид во собранискиот регистар на посетители, како и преку снимките на безбедносните камери.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.