Во Обвинителството за организиран криминал и корупција денеска од Затворот „Шутка“ споведен е првоосомничениот во случајот „Меѓународен сојуз“ Бојан Јовановски – Боки 13. Тој е меѓу петтемина осомничени за овој случај.

На распит утринава во Обвинителството бил и таткото на Боки13, Миле Јовановски, како и асистентка од Меѓународниот сојуз, Христина Блажевска.

Претходно, во врска со случајот во Обвинителството исказ даде и пратеничката Фросина Ташевска-Ременски. Покрај Ременски, во својство на осомничена даде исказ и потпретседателката на Меѓународниот сојуз, Јасна Мандиќ.

Обвинителката Вилма Русковска, која го води случајот „Рекет“, пред неколку дена изјави дека очекува во јануари да биде поведено обвинение и за случајот со „Меѓународниот сојуз“.

Истрагата за Меѓународен сојуз се однесува на злоупотреба за измама и перење пари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.