Бојан Јовановски, познат уште и како Боки 13, првоосомничен во случајот „Рекет“, поднел неотповиклива оставка од Меѓународниот сојуз, објави „ТВ21“.

Боки 13 се решил на ваков чекор веднаш штом станал првоосмничен во случајот „Рекет“, а истрагата за случајот се прошири и токму на Меѓународниот сојуз. Боки 13 успеал преку овој сојуз да изнуди пари и од бизнисмени, како што е Силјан Мицевски кој при давањето исказ во Обвинителството, потврди дека давал пари на Меѓународниот сојуз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.