Ла Верита утринава објави трето продолжение за случајот Рекет во кој Боки 13 изнуди 1,5 милиони евра од Орце Камчев. Во него Боки 13 и Катица Јанева го убедуваат Орце Камчев дека ќе биде ослободен и дека Лиле Стефанова ја има под своја контрола, но не често.

Италијанскиот новинар во својот прилог го споменува и познанството на Боки 13 со премиерот Зоран Заев, а во видеото Боки 13 му потврдува на Камчев дека тој ќе му „Замачка“ очи.

БЈ: Утре се глеам со него

ЈК:Со Дејан?

БЈ: Не

ЈК: Со Жаре?

БЈ: Со Зоки.

ЈК: Со Зоки?

БЈ: Со Заев.

ЈК: Мислам дека он нема да праи проблеми, но ти ќе си збориш и ќе ми кажеш

БЈ: Знам што збори он, знам што сум зборел со него за тебе, работи кои никој не ги знае

ЈК: Ок шефе

БЈ: Ќе ме испратиш до врата?

ЈК: Апсолутно

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.