Распитот на Бојан Јовановски во Обвинителството за организиран криминал и корупција, кој почна напладне, брзо заврши. Според неофицијалните информации од извори на истрагата, осомничениот за случајот „Рекет“ одбил да даде исказ пред обвинителката Вилма Рускоска, пред претходно да ги види доказите од истрагата против него, што е негово законско право.

Јовановски дури потоа ќе се согласел на распит.

Јовановски е во притвор од 15 јули. Утре пак, пред обвинител од Одделот за организиран криминал и корупција исказ ќе дава Катица Јанева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.