Блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, многу важен советник на Заев од странска земја, еден интелектуалец, познат новинар и влијателен бизнисмен се вмешани во Рекет, пишува новинарот Бранко Героски во вчерашната колумна.

Тоа јасно ако Бојан Јовановски, Фросина Ременски и Катица Јанева одлучат наместо жртвени јагниња за петтемина на Заев да станат нивни џелати и господари на својата судбина.

Првите двајца најавиле дека нема да молчат, а неизвесна е и тишината на Катица Јанева.

Боки 13 на последното рочиште на „Рекет“ рече дека се чувствува како политички затвореник и дека вистината за случајот ќе се дознае само ако има правичен процес. Тој себе си се нарече политички затвореник, а тврдењата за наводни закани по неговиот живот ги поткрепи со барање кое веќе го испратил до државниот јавен обвинител Љубомир Јовески на кого, како што рече, сакал да му сподели строго доверливи информации. Јовановски се пожали дека закани почнал да добива по исказот даден пред Вилма Рускоска.

Порталот Вечер вчера објави дека на 20 и 23 декември Бојан Јовановски, Боки 13, давал исказ во Јавното обвинителство за случајот Рекет кај обвинителката Вилма Рускоска. Првиот исказ е даван десет часа, а вториот повеќе од четири часа. Во тие искази, според сознанијата на Вечер, Боки 13 зборувал за рекетирањето и поделбата на пари од рекетот и, меѓу лицата кои земале од парите, спомнал близок роднина на поранешниот премиер Зоран Заев со иницијали В.З. Истото лице е спомнато и во контекст на закани кои Боки 13 ги примал во затворот Шутка.

Во истата прилика Боки 13 ги дал шифрите од своите телефони на кои се наоѓаат снимки кои ги потврдуваат неговите искази, а кои МВР дотогаш не можело да ги отклучи. До објавата во Вечер овие распити беа тајна за јавноста.

Обвинителката Вилма Рускоска, истиот ден, потврди дека на тие датуми Боки 13 давал исказ кај неа, но со коментар дека не кажал ништо од тоа.

Прво што би се запрашал секој е што правел Боки 13 кај Вилма Рускоска вкупно 15 часа ако не разговарале детали за случајот Рекет и за неговата невладина организација која е исто така обвинета. Оттаму, отпаѓа тврдењето на Рускоска дека Боки 13 без причина поминал 15 часа на распит кај неа. Uкажа дека се уште не добил никаков одговор од Јовески иако, како што рече, се работи за многу сериозно барање.

Героски во текстот вели дека е невозможно толку блиски соработници на доскорешниот премиер да бидат дел од вакви операции, а тој да не е запознаен за тоа.

Создавањето на тој неверојатен рекетарски тандем, според моите информации, е дело на најмалку четири лика: носител на акцијата е блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ (која, како што слушам, после изборите планира евакуација од извршната власт), идеолог е еден наш познат интелектуалец кој остварува значајна блискост со Јанева веднаш по нејзиното назначување, човек за врска е еден наш познат новинар кој е близок и со неа и со Боки, а целата операција сепак не можела да помине без знаење на самиот Заев, пишува Героски.

Боки 13 сфатил дека ќе се најде во улога на жртвено јагне и со последните сведочења одлучил да посочи на вистинските виновници, а д истото се плашела и Фросина Ременски која не сакала врз нејзини плеќи да падне целиот товар како третообвинета за случајот “Meѓународен сојуз”.

Дека и Катица „ќе пропее“ може да се прочита меѓу редови и во писмата од Шутка.

Во воведот на писмото на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева што во ракопис е испратено од затворот „Шутка“ во септември годинаватаа ургира кај републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовевски да направи увид во списите кај Вилма Рускоска, бидејќи шефицата на СЈО, се сомнева дека нејзината изјава дадена пред обвинителката за организиран криминал и корупција била сокриена од шефот на ЈО

Ве молам во интерес на Обвинителството (се мисли на ЈО) разгледајте ги сите документи и мојата изјава дадена пред Вилма Русковска. Таа не ве извести за мојата изјава. Во СЈО има истрага која ќе разјасни многу работи во врска со моето дејствување – пишува Катица Јанева во писмото испратено до Љубомир Јовевски, напишано во ракопис преку затворската управа на затворот „Скопје“.

Испровоцирани од пишувањата на Героски некои и се пронајдоа во неговите тези па јавно го прашаа дали тврдењата се однесуваат на нив.

Сашо Ордановски на Фејсбук го праша дали е тој новинарот за кого пишува. Героски му одговори дека никого не инкриминира па ни него и дека ќе дојде време кога препознавањата ќе се случат на легален и легитимен начин.

Ацо Кабранов пак изреагира на тврдењата на Героски дека странскиот советник имал клучна улога во екипирањето на тимот на телевизијата на Боки-13 во која Кабранов беше главен уредник.  Поранешниот уредник на 1 тв смета дека Героски постапил неколегијално и ги негира неговите тврдења.

И новинарот на Телма Боби Христов има нешто да каже за случајот Рекет.

Тој тврди дека имало средба на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ меѓу еден инволвиран во рекетирањето и луѓе што сакаат да се расчисти аферата Рекет.

Сакам да прашам дали двајца жестоки критичари и поборници за вистината за Рекет, имале случајна средба со еден битен актер во овој случај во ВИП салон на аеродромот во Белград!? Датумот го знам. Нема да најавувам саатница за ексклузива. Чисто онака. За нештата да се појасни, пишува уредникот на Телма Боби Христов.

Описите на Героски на „петтемина на Заев“ се толку живописни што нема двојби за кого станува збор. Александар Пандов на Фејсбук ги открива и нивните имиња и додава дека тоа се луѓето кои ја убиле желбата за живот во Македонија.

Новинарот Бранко Геровски, мајсторски, во свој стил, во неговата последна колумна ,,Кои се петте луѓе блиски на Заев што ја менаџирале аферата „Рекет“ од втор план и дали некој од нив знае каде се парите?“ хируршки прецизно ги посочува ликовите кои се креатори и организатори на изнудувањето пари од бизнисмени во Македонија:
„Тоа се блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ (Радмила Шеќеринска), многу близок советник на Заев од една странска земја (Башке – Зоран Башановиќ), познат интелектуалец (Љубомир Фрчковски) и познат лик од 1ТВ (Сашо Ордановски) кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, и многу близок човек на Зоран Заев (брат му Вице Заев), кој ги менаџира и ги контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава. Конечно, останува отворено прашањето дали целата операција е водена со дозвола на Заев?“

Токму овие се ликовите кои ја убија секоја надеж дека во Македонија може да има правда и правдина. После се ова логично се поставува прашањето, што побогу уште чека Рускоска, зошто под итно не ги приведе овие арамии? Можат да влијаат врз сведоци, веројатно го повторуваат делото, а имаат и недвижности надвор од Македонија во кои можат да побегнат! Ако не таа, тогаш новиот Министер за внатрешни работи Наќе Чулев треба да ги ангажира сите расположливи луѓе во МВР, час поскоро да се расчисти со овие бандити и криминалци кои ја уништуваат желбата за живот во Македонија! – пишува Пандов.

На крајот, сите очи се вперени во Вилма Рускоска, за која не постои надеж дека има капацитет да се издигне над „Рекет“ и да прошири истрагата со што ќе ги опфати „шестемина рекетари“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.