Бојан Јовановски, Боки 13 денеска во обвинителството повторно ќе дава исказ во врска со кривичните пријави што ги поднесе, откако беше осуден на девет години затвор во случајот „Рекет“.

Боки почна со поднесување неколку кривични пријави на почетокот на јули, адвокатот Сашо Дуковски објасни дека пријавите што ги поднесува Боки се поради злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура, а дел од нив се и за кршење на човековите права и нехуман однос кон неговиот клиент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.