Рочиштето за “Рекет“ беше прекинато откако и Бојан Јовановски-Боки 13 и Катица Јанева се пожалија дека не им е добро. Првообвинетиот, на крајот на судското рочиште на судијката Николовска-Масевска, на лист хартија, ѝ предаде на рака напишано писмо до републичкиот обвинител Љубомир Јовески.

Барам да бидам изведен пред Републичкиот обвинител. Се работи за наводите за кривичните пријави што ги најавив, рече Јовановски потенцирајќи дека, меѓу другото, станува збор и за пријавата за обвинителката Вилма Русковска.

Тој јавно ја обвини велејќи дека има несоборливи докази за корупција тешка 4 милиони евра.

 
Обвинителката Вилма Русковска и денеска, уште еднаш вадејќи се повика секој кој има сознанија за корупција да пријави. Следното рочиште е закажано за утре.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.