Средношколците ширум Македонија ја бојкотираат наставата, зошто не се согласуваат со одлуката на Министерството за образование и наука дека државната матура треба да се полага по секоја цена. Тие реагираат дека не добиваат квалитетно образование преку онлајн наставата и дека не може да се полага под овие услови.

Од здружението „Средношколски глас“ порачаа дека бојкотот ќе продолжи и следните денови.

Бојкотот на наставата продолжува и следните денови почнувајќи од 14.12.2020. Ве повикуваме сите средношколци да се избориме заедно и да кажеме НЕ за државна матура 2020/21!, порачуваат тие.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.