Бојан Јовановски, неговиот татко Миле и асистентката од „Меѓународниот сСојуз“, Христина Блажевска, денеска во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција треба да дадат исказ како осомничени во истрагата за „Рекет 2“.

Прв со Русковска ќе се соочи таткото на Јовановски, Миле. Точно напладне пак во обвинителството ќе пристигне и Боки 13.

Според истрагата, тие се обвинети за перење пари за што го користеле „Меѓународниот сојуз“ формиран од Бојан Јовановски. Осомничени се дека измамиле двајца бизнисмени од кои со ветување дека ќе градат старски домови, успеале да наплатат околу 1 милион евра.

За овој случај осомничени се уште пратеничката Фросина Ременски, како и потпретседателката на „Меѓународниот сојуз“, Јасна Мандиќ. Двете веќе дадоа исказ во обвинителството.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.