По аудио сминките кои беа објавени вчера, попладнево Павле Богоевски во ПС Центар се пријавил самиот но и непознат сторител. Во одделот за борба со недозволена трговија и шверц се пријави сам себе бидејќи авторот на постот на руската социјална мрежа ВК тврди дека пратеникот по телефон нарачувал кокаин. Богоевски пак се огласи и тврди дека не купувал кокаин, туку масло од канабис за свој близок, а во полиција пријави и дека бил нелегално сниман од страна на таксист кој не го памети.

Доколку надлежните сакаат да утврдат дали и што консумирал Богоевски, тоа лесно можат да го сторат со соодветни тестови. На социјалните мрежи се коментира дека анализа на крв нема да покаже присутство на кокаон ако помине еден месец откако тој го конзумирал, а трагата на оваа дрога најдолго останува на косата, три месеци по нејзино консумирање, а некогаш и многу подолго.

Богоевски самиот изјавил дека сè што ќе побара полицијата во истрагата тој ќе направи, дури ако треба и тестирање, па останува да видиме на какво тестирање ќе биде подложен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.