По денешното приведување на Бојан Јовановски и Зоран Милески, незадоволството расте и кај поддржувачи и функционери на СДСМ. Експратеникот Павле Богоевски, по денешната прес конференција на обвинителката Вилма Русковска за апсењето на Бојан Јовановски и Зоран Милески, кои се осомничени дека од осомничен барале 8 милиони евра за да влијаат кај обвинител за прекин на истрага, истакна дека недостасуваат одговори на неколку прашања.

-Прашања кои треба да бидат одговорени по пресот на ОЈО:

1. Дали Обвинителот на кого осомничените наводно се обиделе (или успеале) да му/и вршат влијание го пријавил случајот по службена должност?

2. Јавниот обвинител одговори дека предистражната постапка е започната по кривична пријава во мај годинава. Дали пријавата е поднесена од органите на прогонот, или од оштетениот?

3. Дали матерјалните докази се обезбедени од органите на прогонот, или од оштетениот?, т.е. Дали органите на прогонот сами го изготвиле предметот, или биле доведени пред свршен чин, во очи на веќе обезбедени докази и ризик истите да излезат во јавност во случај на нивно непостапување?

Одговорност за сите, вклучувајќи ги и оние кои лажеа дека ја делеле нашата борба!, напиша Богоевски на фејсбук.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.