Ние протестиравме во поддршка за СЈО, но никогаш не протестиравме за Катица Јанева, вели поранешниот пратеник и некогашен првоборец на „Шарената револуција“, Павле Богоевски.

Ние протестиравме за функционерите, доколку направат некакви кривични дела, да бидат повикани на одговорност за истите. Иако е многу разочарувачки случајот „Рекет“, ова го гледам како шанса да се покаже дека тие работи за коишто се боревме ќе бидат применети на дело и дека луѓето кои биле или се функционери, ќе одговараат доколку направиле кривично дело, рече Богоевски во изјава за „Канал 5“.

Богоевски е последен во низата на јавни личности кои јавно се откажаа од специјалната обвинителка. Денеска од колешката се огради и обвинителката Лиле Стефанова, која рече дека од самиот старт била воздржана кон работата на Јанева. Вчера, пак, Фатиме Фетаи порача дека секој што се огрешил пред законот треба да одговара.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.