Pоранешниот градоначалник на Карпош, и член на ИО на СДСМ, Стефан Богоев очекува мнозинството да расте уште повеќе oткако во четвртокот пропадна обидот на здружената опозиција да се изгласа недоверба на Владата.

Тој призна дека СДСМ всушност го нема мнозинството кое цела недела го најавува. Богоев рече дека СДСМ преговара со повеќето партии, но не сакаше да открие кои се тие и дали Алтернатива ќе влезе во Владата.

Оние наводи во јавноста дека се работи на зголемување на мнозинството се точни. СДСМ има далеку поголем потенцијал за коалицирање отколку ВМРО-ДПМНЕ, и тоа се покажа во четвртокот. Иако изгледа 60-60, ќе видите дека ситуацијата ќе биде поразлична. Подаваме рака на целиот демократски свет, оние кои сметаат дека Македонија треба да биде дел од НАТО и дека час поскоро треба да почнеме преговори со ЕУ. Убедени сме дека сите кои така размислуваат се многу повеќе такви во државата, отколку оние кои сакаат државата да стои во место, рече Богоев во дебатниот магазин Клик плус.

Богоев рече дека во моментов има подадена рака за Алтернтатива, се разговара и со повеќе пратеници, и за брзо СДСМ ќе излезе со постабилно и поголемо мнозинство.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.