Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богданопвиќ продолжува да заглавува во обидот да се оправда за прекршување на полицискиот час и седењето во ресторан во период кога за сите други се затворени.

Три изговори кои се разликуваат и побиваат еден со друг, а и трите се косат со здравата логика. Откако беше објавен на социјалните мрежи и медиумите, како седи во ресторан за време на социјалните мрежи, Богдановиќ во вторникот вечерта на 20 април, веднаш побрза да објави фотографија со новиот кошаркар на Работнички како го сместувал во хотел.
Но откако, излегоа реакции, кој е Богдановиќ да сместува кошаркар кога тоа треба да го прави клубот каде игра, уште рано утрото наредниот ден лагата ја дополни дека сместувал и гости.

– Целосно ги отфрлам и демантирам информациите дека во текот на изминатиот ден сум седел во кафани за време на полициски час и сум прекршувал закони. Во текот на вчерашниот ден, сместував гости во хотел дојдени од Белград и кошаркарот на Работнички кој е најновото засилување во нашиот клуб. За сето сместување и престој поседувам документација и сведоци, напиша Богдановиќ

Но овие две негови лаги не се совпаднаа со две други работи. Прво играчот за кој рече дека го сместувал Иван Аска веќе бил во Македонија, односно тој на 17 април играл настапил за Работнички во мечот против Гостивар. Така да не било можно него да го сместува, кога тој веќе бил тука. Единствено Богдановиќ можел да се фотографира со него, па сликата му послужи како изговор кој не траеше.

Потоа, директорот на Државниот пазарен инспекторат Стојко Пауновски за медиумите изјави дека инспекторите веднаш излегле на терен при што било утврдено дека градоначалникот на Општина Центар бил регистриран во хотелот како гостин со спиење.

Жител на Општина Центар има потреба за сместување во хотел на територијата на општина центар на помалку од километар од својот дом. Колку и да се обиделе да ја средат документацијата така да изгледа, ова се коси со здравата логика.

Кога се најде во небрано, Богдановиќ го даде третиот изговор, дека само така можел да се види со гости и затоа изнајмил соба и ги прекршил мерките кои важат за сите останати. Уште една нелогичност. Зарем не можел да се види со нив пред полицискиот час или после него? Хотелот не само што е во Центар, туку е на 10 метри од неговата канцеларија.

Заплеткан во сопствените лаги, кога немаше излез почна да се заканува со тужби за медиумите, бидејќи СДСМ така и функционира, искористија моќта за да се спасиш од скандалот.

И дека за функционерите на СДСМ не важат истите правила како за останатите се уверивме по тоа дека на Богдановиќ не му упаднаа со специјалци како што тоа беше случај со лидерот на опозицијата, Мицкоски кој пак беше доблесен и кажа дека згрешил, дури и казната си ја плати. Не, за луѓето од власта нема ни специјалци ни казни, има смешни изговори кои ниту имаат логика ниту некој верува. Едноставно покажуваат моќ и даваат до знаење дека за нив законите не важат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.