Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ во гостување на Сител изјави дека Југославија не нѐ разделувала со Бугарија, како што рече премиерот Зоран Заев во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС.

Не можам да се согласам во тој дел, баш од причина што во таа Југославија сите сме живееле заедно. Имате добар дел луѓе, посебно во Македонија кои што работеле во тие заеднички државни компании и останале тука да живеат. Баш заради тоа ние сме се зближиле можеби во таа Југославија како посебности кои што сме ги имале, така што во тој дел не можам да се согласам, бидејќи јас како претставник на српската заедница можам да кажам дека баш таа Југославија нѐ направила да бидеме блиски, односно исти на некој начин – вели Богдановиќ за Сител.

Тој рече дека за идентитетот, јазикот и постоењето на македонскиот народ не може да се разговара. Смета дека треба државата да чекори напред, а историчарите да ги одреат црвените линии кога се работи за толкувањето на историјата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.