Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Кривогаштани, Александар Богданоски на денешниот предизборен митинг честитајќи го празникот 11 Октомври истакна дека секоја генерација си има свои премрежија и своја борба, нашата борба е против оваа ненародна власт која го ограби народот.

– Обичниот народ е премногу незадоволен од актуелната ситуација во која се наоѓа, народот не е живее добро, а се поголем семејства живеат во потешка состојба. Земјоделците се мачат да врзат крај со крај, а вработените стравуваат за своите работни места. Младите што останаа бараат излез надвор од државата, а власта ја користи маката на народот да ги уценува пред избори, изјави Богданоски.

Тој посочи дека, сепак власта го потценува народот, сиромаштијата нема да исчезне поради лагите на власта затоа потребна е храброст да се спротивставиме одлучно на 17 октомври и вети работа уште од првиот ден за реализација на својата програма.

– Во нашата програма имаме проекти кои ќе се реализираат. Ќе ја обновиме и ќе ја изградиме инфраструктурата, ќе ја рехабилитираме водоводната мрежа Славеј-Кривогаштани, ќе ги завршиме одводите кои не се во функција со години, ќе ги решиме проблемите со сметот и ќе доведеме централизирано управување на отпад со изградба на централна депонија со сите законски прописи, рече Богданоски.

Богданоски нагласи дека воедно сите населени места ќе бидат приклучени на главниот водовод и ќе гарантира квалитетно водоснабдување, повеќе паркови, зеленило и урбана опрема, а во сите села постепено ќе асфалтирање улици.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.