Не се замарајте и славете си со душа и срце, Вардар тоа го заслужува, Македонија тоа го заслужува! Оние кои не сакаат славење на македонизмот и се жустро посветени во моментов на мрчење по мрежи и негирање на вредностите кои ги застапува Вардар (и го имаат СЕТО ПРАВО на светот да го прават тоа, демократска вредност е)… веќе се опфатени со делувањето на кармата, порачува Богдан Илиевски на фејсбук.

Од една страна има луѓе кои на твитер/фејс денес тврдат дека Вардар бил наднационален клуб, триумфот не бил македонски успех туку личен бидејќи играле за клуб, а не за национална гордост и генерално луѓе на кои им пречи што РК Вардар е епитом на патриотизмот, гордост на Македонија, клубот на Комитите, чуварите на пламенот на македонизмот.

Од друга страна имаш легенди како Тимур, Карачиќ, мали Џамбо, Калараш, милион странски новинари, цел (комплетно цел) Балкан освен можда, ето мали исклучоци и 90% од Европа… кои велат „успехот на Вардар е гордост за Македонија.“ Значи странци го доживуваат Вардар како Македонија, а домашните мрчала се борат да го девалвираат успехот, демек не бил Македонски, туку онака, си победиле за себе и не треба да се радуваме како победа на националната гордост Вардар, туку како победа на еден клуб од Скопје.

Тоа се истите луѓе на кои порано им пречеше славењето генерално, зошто па морало еуфорија да има, зошто да се вееле националните знамиња, зошто Кутлеш, зошто Излези момче, па тоа било провокација кон соседите, па тоа било проблем за да имаме миљон евра плата итн итн. Денес ни дозволуваат да славиме, евала! Но со назнака дека џабе славиме, бидејќи Тимур, Игор, Џинот од Летонија, Сергеј и другите кои победија – не знаат зошто победиле и се во заблуда дека играат за својата но и за гордоста на Македонија :))

И предолго испадна напишаново. Сакав да кажам: не се замарајте и славете си со душа и срце, Вардар тоа го заслужува, Македонија тоа го заслужува!

Оние кои не сакаат славење на македонизмот и се жустро посветени во моментов на мрчење по мрежи и негирање на вредностите кои ги застапува Вардар (и го имаат СЕТО ПРАВО на светот да го прават тоа, демократска вредност е)… веќе се опфатени со делувањето на кармата.

ВАРДАР ОД МАКЕДОНИЈА Е ЕВРОПСКИ ШАМПИОН! Тоа ќе го слушнете и попладне на плоштад од самите херои, непобедливите, бесмртните легенди – како што го слушнавме и во 2017. Како што ќе го слушаме, сосема сигурно, и во иднина.

Да живее Вардар!
Да живее Република Македонија!, напиша Илиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.