Богдан Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ на денешното интервју во „Што не е јасно“ во Алфа телевизија истакна дека со случувањата во Собранието и гласањето на позитивните од Ковид пратеници, власта демонстрира сила, како и дека истото е надвор од здрав разум, власта има психички проблеми и потребни ѝ се прихијатри затоа што само стручно лице може да ги објасни овие однесувања.

Ова не беше ни циркуз затоа што и за цуркузот е ова навредливо, ова беше надвор од здравиот разум, рече Богдан Илиевски.

Илиевски вели дека власта довлечка позитивни пратеници на Ковид да гласаат за нешто за кое имаше мнозинство.

Кое истото беше гарантирано со недели, барем еден месец претходно опозицијата даде бланко поддршка за гласање на петтиот пакет на мерки, не се ни трудам на сфатам зошто го направија ова, затоа што сметам дека секој здраво разумски човек не може да сфати зошто.

Посочи дека власта демонтрира сила во ваквиот чин.

Но кому ја демонстрира и зошто е нејасно, затоа што станува збор за кршење еклакантно на закони, каква порака се праќа со истото на обичните луѓе, за нас кои живееме со полициски часови, забрани и казни.

Врвот на се е глорифицирањето на тој чин дека е херојски чин, тука нема никакво херојство, туку има луѓе болни од Ковид и болни од некакви други психосоматски состојби за коишто психијатри би требало да агрументираат, само стручно лице може да го објасни ова, критикуваше Илиевски.

Илиевски појасни дека ова што настана во Собранието е резултат на претенкото мнозинство кое во нормални земји се решава на маса, кај нас е светско чудо ако се прифати амандман на опозицијата, но ако со овој чин се обиде власта да демонстрира сила, тогаш има психички проблеми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.